Ерменија соопшти за 3.400 смртни случаи во војната во Нагорно Карабах

Од:

Телата на 3.439 ерменски жртви беа пронајдени за време на борбите во Нагорно Карабах, но овие бројки се прелиминарни. Ова го изјави за време на парламентарната контрола ерменскиот вицепремиер Тигран Авинјан.

-Во моментов имаме 3.439 мртви тела, од кои 766 се уште не се идентификувани. Има и такви кои се сметаат за исчезнати. Не сакам да ги објавам конечните бројки. Но, бројот на загинати нема да надмине 4.000 луѓе, рече вицепремиерот.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511