Белата куќа ги избриша сите снимки со Трамп од официјалниот канал на Јутјуб

Од:

Сите снимки на поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се избришани од Јутјуб каналот на Белата куќа.

На Јутјуб каналот на Белата куќа во моментов е достапен само видео материјалот од денешната инаугурација во живо на 46. претседател на САД, Џо Бајден.

Инаку, Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, вчера ја продолжи за една недела блокадата на Трамп на веб-страницата, воведена откако се случи упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во зградата на Конгресот во Вашингтон.

Како причина за одлуката, Јутјуб го наведе „потенцијалот за насилство“. Каналот на Трамп на Јутјуб има 2.79 милиони следачи, а пред суспензијата обично поставуваше по неколку видеа на ден од Трамп и од десничарски медиуми.

Од Јутјуб најавија дека и кога ќе биде подигната блокадата, ќе продолжи забраната за поставување коментари под видеата на каналот на Трамп, а тој уште најмалку една недела нема да може да постави нови видеа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД