Струга ќе добие спомен-биста на унгарскиот поет Шандор Петефи

Од:

Спомен-биста на истакнатиот поет од Унгарија Шандор Петефи ќе се гради во Струга, со заедничка заложба на унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јожеф Бенце и градоначалникот Зијадин Села.

На денешната средба во Општина Струга, амбасадорот Бенце и градоначалникот Села изразија уверување дека спомен-бистата ќе биде поставена колку што е можно поскоро, во пресрет на новото издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

– На струшката поетска манифестација позната во целиот свет учествувале многу унгарски поети, а двајца од нив се закитиле и со наградата „Златен венец“, истакна унгарскиот амбасадор.

Според струшкиот градоначалник, подигнувањето на спомен-бистата, ќе придонесе за уште поголема афирмација на Струшките вечери на поезијата.

– Ваква иницијатива и барање било доставено до Општината во текот на минатата година од страна на фестивалот Струшки вечери на поезијата, но за жал, до денес не е донесена одлука за да се постави бистата. Му ветив на амбасадорот дека ќе направам се што е во моја можност, а ќе разговарам и со советниците оваа биста да биде ставена во Струга, рече Села.

Унгарската амбасада во Македонија, преку Струшките вечери на поезијата уште во текот на минатата година покрена иницијатива за поставување спомен-обележје за поетот Петефи.

Првиот човек на Општина Струга денеска ја прифати и понудата на неговиот висок унгарски гостин Јожев Бенце, градот да се збратими со општина во Република Унгарија.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга