Кремљ: Се зависи од Бајден

Од:

Кремљ оцени дека подобрувањето на односите помеѓу Русија и САД исклучително зависи од „политичката волја“ на Џо Бајден, кој денеска во Вашингтон положува заклетва како 46. претседател на САД.

– Во Кремљ никој не се подготвува за оваа инаугурација. Тоа ништо нема да смени за Русија, која, како што е случај низа долги години, ќе го продолжи своето постоење настојувајќи да има добри односи со САД, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека оживувањето на односите помеѓу Москва и Вашингтон зависи од „политичката волја“ на Бајден и неговата администрација.

Односите Русија – САД се на најниско ниво од Студената војна поради несогласувања за голем број прашања.

Претходно, претседателот на Русија, Владимир Путин навести дека доаѓањето на Бајден во Белата куќа не носи опуштање.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје