СПЦ бара ослободување на Јован Вранишковски

Од:

Преку соопштение за јавноста, Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, како што велат, повторно ја потсетуваат домашната и светска јавност на страдањата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Претстојателот на канонската Православна Црква во Р. Македонија, којшто по шести пат неправедно е затворен врз основа на нарачани лажни обвиненија и на монтираниот, фарса судски процес, како и на новите судско-полициски закани врз Архиереите, клириците и верниците на Охридската Архиепископија.

„Сите тие, на чело со својот Претстојател, се прогонети – како да не живеат во Европа на 21-от век и како да не постои начелото на слобода на верата и совеста, чијшто прв историски документ е Миланскиот Едикт на светиот цар Константин, а денес тоа го гарантираат обврзувачките меѓународни конвенции“, се вели во соопштението.

Соборот повторно апелира на сите луѓе и институции, кај нас и во светот, кои можат да придонесат за ослободување на Архиепископот Јован и за обезбедување на граѓанска рамноправност за сите припадници на Охридската Архиепископија, да го кренат својот глас и што поскоро да направат сè што можат, бидејќи здравјето на заробениот Архиепископ веќе сериозно е нарушено, во добар дел и заради затворските услови.

Би можело да ве интересира

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Македонскиот и српскиот поглавар и свештеници од Бугарската и Романската црква отслужија Света божествена литургија во Крива Паланка

Предраг Петровиќ

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска