Младинскиот културен центар (МКЦ) на 22 јанури ќе одржи виртуелна средба по повод Роденденот на уметноста 2021 година.
– Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо,а наведоа од МКЦ.
Програма и редослед: Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку zoom [Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов Pluto’s doubts, [Култура во време на корона] [MAKEDOX presents], Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски, Црнила Remix [Cross Шtream], [CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ Фолтин, [European music day] [Flipbook film presents], Карантин, рeжија: Иван Андреевски ИСКРА [концертна промоција], [CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска, Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream] [Flipbook film presents] , Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш и Импров група Настап [Култура во време на корона].