Почна пријавувањето на штетите од пожарот во „Глобал“ во Општинската комисија за проценка

Од:

Сопствениците и корисниците на деловни објекти, кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“, почнаа да ги доставуваат барањата за финансиска помош до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Според Ацо Ѓоргиев, претседател на комисијата, досега се поднесени десет барања.

-Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, правните лица сами ја проценуваат штетата формирајќи сопствена комисија. Пополнетите формулари ги доставуваат до Општинската комисија, која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења, појаснува Ѓоргиев.

Додава дека во наредниот период се очекува зголемување на бројот на пријавителите и откако ќе бидат доставени сите барања Општинската комисија ќе ги сублимира во заеднички извештај за штетата.

По пожарот, Општина Струмица им отстапи една просторија во општинската зграда на сопствениците и корисниците, каде заедно со членовите на Општинската комисија точно и навремено можат да ги пополнат формуларите.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри