Њујорчани должат над милијарда долари за неплатени кирии

Од:

Закупците на станови во Њујорк должат на име на неплатени станарини во текот на пандемијата на Ковид-19 повеќе од една милијарда долари, покажуваат резултатите од едно истражување, според „Волстрит џурнал“.

Износот на овој долг е уште една потврда дека надоместоците за невработеност и досегашните пакети за стимулација не биле доволни за ублажување на растечкиот финансиски товар на неплатените закупнини кои притискаат илјадници домаќинства во метрополата, наведува весникот.

Организациите кои ги застапуваат сопствениците на станови и станарите силно лобирале за зголемена државна помош за закупнините за време на пандемијата.

Истражувањето, спроведено од групацијата сопственици на станови Програма за подобрување на домувањето (CHIP), се фокусираше на зградите во Њујорк, кои се предмет на градските закони за закуп. Апартманите во тие згради сочинуваат околу половина од вкупните станови за изнајмување во Њујорк.

Студијата, заснована на собрани одговори од сопственици на станови, проценува дека дури 185.000 домаќинства кои живеат во овие станови доцнат повеќе од два месеца со плаќање на киријата, а просечниот долг надминува 6.000 американски долари.

Џеј Мартин, генерален директор на CHIP, изјави дека долгот за закупнини во останатите згради во Њујорк, кои не биле опфатени со истражувањето, е веројатно ист или поголем, што значи дека вкупниот долг на потстанарите во Њујорк веројатно надминува две милијарди долари.

Во декемврискиот федерален пакет за поддршка за време на коронавирусот, за Њујорк биле наменети 1,3 милијарди американски долари помош за решавање на проблемите со кириите.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ