ВИДЕО: Показните вежби на елитните единици на МВР презентирани пред Спасовски и Секуловиќ

Од:

Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.

Како што информира МВР, Единицата за брзо распоредување изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери, како и начин и постапка на реакција при загрозување на личноста што се обезбедува, преку упад во објект и лишување од слобода на лица кои даваат вооружен отпор и евакуација на ВИП личности со помош на алпинистичка опрема и примена на алпинистички техники.

При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема, известуваат од Министерството.

На изведувањето на четирите показни вежби на елитните единици на МВР во Пониква присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот колега црногорски колега Сергеј Секуловиќ, кој предводи делегација во рамки на официјалната дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници