Рускиот оддел за заштита на пациентите „Роспотребнадзор“ денеска соопшти дека, врз основа на клиничките испитувања, е утврдено дека втората руска вакцина против коронавирусот е 100-процентно ефикасна.
Русија уште во ноември почна со масовно тестирање на вакцината „ЕпиВакКорона“, што ја изработи институтот „Сибирски вектор“,пренесоа британските медиуми, повикувајќи се агенцијата Тасс.
Пред тоа, Русите, како прва, ја одобрија вакцината „Спутник V“, што се покажа ефикасна во 92 проценти.