Калифорнија бара да се повлече серија од вакцината на Модерна, имало многу несакани ефекти

Од:

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна“ против коронавирус од пазарот поради, како што наведуваат, големиот број несакани ефекти.

„Вакцините на Модерна од серијата 041L20A предизвикуваат „повеќе несакани ефекти од вообичаеното“ и затоа треба да се отстранат од употреба додека не завршат сите тестови“, се наведува во образложението.

-Серија од вкупно 330.000 дози беа дадени на 287 добавувачи ширум Калифорнија и ова е првпат да се забележи алергиска реакција, вели Ерика С. Пан, државен епидемиолог во Калифорнија.

„Модерна“, центрите за контрола и превенција на болести и Американската администрација за храна и лекови на САД во моментов тестираат серија вакцини откако десетина луѓе претрпеа „можна сериозна алергиска реакција“.

Калифорнија е најтешко погодена американска држава со околу три милиони заразени, од кои еден милион во Лос Анџелес и повеќе од 33.000 смртни случаи од Ковид 19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски