Во Србија за вакцинација се пријавиле околу 325.000 луѓе, речиси половина ја сакаат „Спутник V“

Од:

Во Србија досега за вакцинација се имаат пријавено 324.728 граѓани, од кои 40 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат руската вакцина „Спутник V“, додека вакцината на компанијата „Фајзер“ сакаат да ја примат 28 отсто.

– Повеќето граѓани кои аплицираа за вакцинација ја сакаат руската вакцина „Спутник V“ – 40 отстo од нив, 28 отсто ја сакаат вакцината на „Фајзер“, а 32 отсто изјавиле дека им е сеедно која вакцина ќе ја примат. Тие најверојатно ќе ја добијат кинеската вакцина „Синофарм“, чие одобрување во Агенцијата за лекови и медицински помагала се очекува секој час, а дистрибуцијата до здравствените домови и пунктовите за вакцинација ќе почне уште денеска, за утре да почне масовната вакцинација, изјави за Курир државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.

Тој наведе дека 30 отсто од пријавените се на возраст меѓу 65 и 75 години, а 15 проценти од нив имаат над 75 години. Масовната вакцинација на населението почнува утре, кога на Белградскиот саем ќе бидат отворени 17 пунктови.

– Утре до 15-16 часот на Белградскиот саем планираме да вакцинираме меѓу 800 и 1.000 лица. Тука ќе бидат и дел од Армијата, бидејќи утре почнува вакцинирањето на уште четири приоритетни групи – просветните работници, медиумските работници, вработените во Министерството за внатрешни работи и на Војската на Србија, изјави Ѓерлек.

До крајот на денот се очекува да пристигнат нови 9.870 дози од вакцината на „Фајзер“. Иако беа најавени 19.500 дози, Ѓерлек истакна дека „Фајзер“ не може да ги произведе сите потребни количества и дека за сите оваа недела ја намалил испораката за 50 отсто. Тој очекува дека утре или задутре, како што е најавено, ќе пристигнат и 250.000 дози на „Спутник V“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија