Окото на камерите за прв пат го фатија новиот „Масерати Гибли“, моделот за 2014 година, на патеката во Ротердам и тоа во текот на снимањето на една реклама.
Досега „бејби Кватропорте“ беше виден само во бела варијанта, но овој модел со сина нијанса се чини уште поатрактивен од верзијата претставена во Шангај.
„Гибли-то“ „фатено“ во Ротердам, како што се наведува, упатува на тоа дека е во прашање посилна верзија на „Гибли С“, што под хаубата има twin-turbo тролитарски шестцилиндаш, што ослободува 410 КС (301 KW).
Забрзувањето му е за пет секунди до 100 километри на час, а максималната брзина 285 километри на час.
Истиот мотор е расположлив и со нешто поскромна снага – 330 КС, а забрзувањето за нијанса „помирно“ – 5,6 секунди.
„Масерати“ нуди и верзија со В6 3.0-литарски турбодизел, што ослободува 275 КС и забрзува до „стотка“ за 6,3 секунди, со потрошувачка од шест литри на 100 километри.