МОН: Се интензивира дебатата за реформата, Царовска неделава на средби со различни групи

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за нацрт-концепцијата за основно образование. Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи, а целта е преку широк консултативен процес да се донесе образовна реформа во најдобар интерес на децата, соопшти Министерство за образование и наука.

Како што информира МОН, Царовска в среда ќе присуствува на средба со директорите на училиштата, во четврток со наставници, а в петок со членови на МАНУ.

Јавната дебата за новата концепција почна во средината на декември и ќе продолжи во наредниот период. Од досегашните дебати, како што информира Министетството, произлегле низа конструктивни и корисни предлози и коментари и досега активно се вклучиле претставници од сите релевантни институции, универзитетски професори, над 4000 наставници, но и ученици и родители.

– Во дебатата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК, меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, Британска и Швајцарска амбасада и Делегацијата на ЕУ и ЗЕЛС. Сите изразија поддршка, затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование. Одржани се и онлајн-конференции со професори, наставници, претставници на ликовната, музичката и драмската дејност. Реализирани се средби и дебати со студентското собрание и професори на ПМФ, наведува МОН во соопштението.

МОН потсетува дека до среда, 20 јануари, секој има можност по електронска пошта да достави забелешки, коментари и предлози за концепцијата којашто е објавена на веб- страницата на МОН.

– Досега се пристигнати значителен број на конструктивни предлози и коментари кои ќе бидат земени предвид. Новата концепција е дел од Стратегијата на МОН за 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред една година и е дел од владината програма, додава МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци