Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, рано утрово, во атинската болница „Евангелисмос“, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Сакеларопулу, првата доза ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција.
Рано утрово, втората доза ја прими и Мицотакис.
Фото: АНА-МПА