Велика Британија располага со физиолошки докази за употреба на гасот сарин во Сирија. Многу веројатно е тој да бил употребен од режимот на Башар Асад, соопшти портпаролот на британската влада, цитиран од агенциите.
– Добивме физиолошки обрасци од Сирија, што беа истражувани во Англија и тие покажуваа присуство на гасот сарин, рече портпаролот.
„Според нашите оценки многу веројатно е режимот во Дамаск да го употребил ова хемиско оружје во Сирија“, дополни тој.