Фејсбук и Инстаграм ги вратија профилите на Трамп

Од:

Фејсбук и Инстаграм ги вратија профилите на американскиот претседател Доналд Трамп кои беа блокирани по нападот на Капитол Хил. Профилите на Трамп повторно се појавија на двете мрежи доцна навечер во петокот, но засега на нив нема никаква активност.

Од Фејсбук кој е сопственик и на Инстаграм нема објаснување на оваа постапка.

Трамп беше блокиран од сите големи сoцијални мрежи вклучувајки го и Твитер откако неговите подржувачи насилно упаднаа во Конгресот. Во инцидентот пет лица ги загубија животите.

По насилните настани во Капитол Хил, сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг рече дека профилите на Трамп ќе бидат блокирани најмалку две седмици односно до „комплеирањето на трасферот на власта“.

Покрај профилите на Трамп, социјалните мрежи блокираа профили и на негови подржувачи вклучувајќи ги и адвокатот Сидни Пауел и поранешниот осветник за национална безбедност, генералот Мајкл Флин.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп