Пентагон: Бројот на американски војници во Авганистан и во Ирак е намален на 2.500

Од:

Шефот на Пентагон, Кристофер Милер, денеска соопшти дека бројот на американски војници во Авганистан е намален на 2.500, како и во Ирак, во согласност со желбата на претседателот во заминување Доналд Трамп да стави крај на „бесконечните војни“.

„Денеска САД се поблизу од кога и да е да стават крај на речиси 20 години војна, наведе в.д министерот за одбрана во соопштение. Тој беше назначен на оваа функција во почетокот на ноември по разрешувањето на неговиот претходник Марк Еспер, кој се двоумеше да го забрза повлекувањето на американските трупи.

Милер рече дека 2.500 војници се доволни да се спротивстават на екстремистичките групи во Авганистан и да ги обучат силите на авганистанската влада.

„Со 2.500 луѓе, командата го има потребното за да ја заштити Америка, нашето население и нашите интереси“, рече Милер, додавајќи дека целосно повлекување ќе зависи од безбедносните услови.

Кога станува збор за намалување на бројот на војници во Ирак, Милер рече дека и таму е намален бројот на американски воени сили на 2.500, што, според него, го одразува зголемувањето на капацитетот на ирачката армија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија