Деспотовски: Незадоволен сум од платите во зоните, нема да се даваат субвенции, ќе се поттикнува продуктивноста

Од:

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.

– Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија. Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко напредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата, истакна Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарски прашања, Деспотовски рече дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку преку програмата за специфични активности за развој на вештини ќе се поттикнува продуктивноста со што ќе се направи позитивен притисок врз компаниите да ги зголемат платите.

За системот „грижа на корисници“ рече дека бил запоставен во изминатите години и оти се размислува во договорите со инвеститорите да има клаузули со кои роковите во кои инвеститорите се обврзани да ги исполнат своите обврски, автоматски да се пролонгираат доколку се случи одлагање на обврските што ги презела државата или единиците на локална самоуправа.

– Има дел од обврските кои државата си ги презела пред годините што не се реализирани. Тоа не говори добро, ниту за државата, ниту за нејзиниот образ пред инвеститорите. Така што, целта ни е преку професионализација и на овој сегмент на работењето, да им дадеме цел пакет услуги на корисниците. Размислуваме во самите договори да предвидииме посебни клаузили во кои роковите со кои инвеститорите се обврзани да ги исполнат своите обврски, да бидат автоматски пролонгирани доколку се случи одлагање на активностите по вина на државите институции или единиците на локална самоуправа. Ова е уште еден механизам со кој државата, институциите и единиците на локална самоуправа ќе станат доста пооговорни во делот на исполнување на своите обврски кон инвеститорите, потенцира Деспотовски на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

A1on

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред