Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Од:

Во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ од понеделник пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека тие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите. Во трите поликлиники, како што посочија, од следната недела ќе има посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во теrмини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

– Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, изјави директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.

Од МЗ истакнаа дека pоликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on