Трамп се скарал и со адвокатот Џулијани, наводно одбивал да му ги исплати хонорарите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се скарал и со неговиот личен адвокат Руди Џулијани, јавија американски медиуми, додавајќи дека се уште актуелниот американскиот претседател одбива да ги плати адвокатските такси.

Џулијани, кој е поранешен градоначалник на Њујорк, одигра клучна улога во неуспешните обиди на Трамп да ги отфрли резултатите од претседателските избори во ноември пред американските судови. Адвокатот поднесе низа тужби, ги заобиколи клучните држави што ги освои Џо Бајден и ширеше дезинформации дека изборите биле полни со неправилности.

Според Вашингтон пост, односите меѓу Трамп и Џулијани драматично се заладуваат. Шефот на државата им порачал на своите советници да не ги плаќаат хонорарите на Џулијани за работата што ја заврши.

Претседателот беше навреден од барањето на Џулијани да му се исплатат 20.000 американски долари на ден. Таа сума е демантирана од самиот адвокат.

На официјалните лица на Белата куќа им е наредено дури и да не одговараат на повиците на Џулијани. Очигледното несогласување со Џулијани – еден од најверните Трамп – придонесе за чувството на изолација и предавство што го има американскиот претседател, наведуваат советниците.

Трамп е незадоволен што членовите на неговиот близок круг не успеаја да го одбранат по минатонеделните немири во Капитол. Многумина исто така замолкнаа по вчерашното гласање за импичмент против Трамп во Претставничкиот дом, објави Вашингтон пост.

И во минатото, американскиот претседател во заминување се соочуваше со бројни слични обвинувања од стотици соработници и луѓе кои ги најмил да извршат некаква работа – дека Трамп им останал должен пари за услугите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД