Најбогатите земји ги добиваат вакцините против Ковид-19

Од:

Од почетокот на дистрибуцијата на вакцините низ светот за 36 дена досега се подадени околу 28 милиони дози од вакцините за коронавирус во 46, претежно богати земји во светот, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.

И покрај фактот дека во светот почна вакцинацијата против Ковид-19, Рајан изрази загриженост за брзото ширење на новиот, позаразен вид на коронавирусот во некои земји.

Светските меидуми го пренесоа неговото жалење дека вакцинацијата најмногу се спроведува во побогатите земји.

-Мислам дека досега вакциниравме луѓе со 28 милиони дози. Користени се пет различни вакцини и платформи. Во моментов, вакцинацијата се спроведува во околу 46 земји во светот, од кои 38 се богати, а само една може да се нарече многу сиромашна, рече Рајан.

Според него, постојат земји кои ја сакаат вакцината и таа им е навистина потребна, и тие нема да ја добијат доколку СЗО не направи подобра дистрибуција.

-Сите мора да работиме повеќе, рече Рајан.

Тој, исто така, посочи дека светот влезе во втората година од пандемијата, што може да биде посериозна кога ќе се види колку брзо се шири.

СЗО, во својот последен извештај, наведува дека минатата недела се пријавени околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски