Јоханис: Лоша е грчката идеја за потврдата за вакцинација при патувања

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека не е добра идејата за сертификат за вакцинација од Кoвид-19 да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани, посочувајќи на можноста за дискриминација.

Тој додаде дека верува дека треба да постојат потврди за вакцинација, но дека мора да се користат од медицински причини, пренесува Аџерпрес.

Романскиот претседсател својот став го искажа на прес-конференција кога беше запрашан за мислење за идејата на Грција за единствен европски сертификат како доказ за вакцинација за граѓаните за Европејците полесно да можат да циркулираат со овој документ.

Тој, исто така, кажа дека масовната вакцинација против Ковид-19 е единственото решение што е можно побрзо сите да се вратат во нормала.

Јоханис најави и дека ќе ја прими вакцината против Ковид-19 на јавен настан во петок, на 15 јануари.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски