Македонската ракометна репрезентација ќе го отвори настапот на 27-то Светско првенство в четврток против Шведска од 20:30 часот, откако поради неможноста на Чешка да состави тим поради Ковид-19, Македонија влезе на мундијалот како резерва.
Вториот противник на македонските ракометари во рамки на Г групата ќе биде домаќинот Египет в сабота од 18 часот, додека натпреварите по групи избраниците на Данило Брестовац ќе ги заокружат против Чиле в понеделник од 15:30 часот.
Според најавите, македонската ракометна репрезентација ќе отпатува за Египет утре попладне со чартер-лет.
Светското првенство во Египет ќе се одржи од 13 до 31 овој месец, без присуство на публика на трибините.