Постојат индиции дека двете страни во сирискиот конфликт „можеби користеле хемиско оружје“, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.
Во извештајот се забележува дека има основа да се верува оти во четири ситуации во текот на март и април годинава во Сирија било користено хемиско оружје, но се признава дека истражната комисија на ОН не може сосема прецизно да утврди дали и какви хемиски супстанци се користени.
Комисијата на ОН и во овој извештај бара од властите во Дамаск да дозволат експертски тимови на Светсата организација да отидат во Сирија за да ги испитаат сите овие тврдења.
Комисијата посочува дека владините сили во два наврати користеле „ограничени количества отровни хемикалии“ во реонот на Алепо, како и во провинцијата Идлиб и во околните реони на Дамаск. Нема информации за тоа кога и каде сириските бунтовници користиле хемиско оружје.
Според комисијата, Сирија е зафатена со ново ниво на насилство и од двете страни, што е доволно за нивно оквалификување како воени или злосторстава против човештвото.