Курдски бунтовници вчера отворија оган врз турски војници на југоистокот на Турција, во близина на границата со Ирак, при што е повреден еден војник, соопшти турската војска.
Ова е прв напад на курдските бунтовници откако започнаа со повлекување од Турција во рамките на мировниот план.
-Група терористи изврши напад врз воената база во југоисточниот град на Турција, Сирнак и со хеликоптер им возвративме –се наведува во соопштението на турската војска.
Еден војник е полесно повреден, но тие немаат информации дали има повредени во редовите на герилата на Курдистанската работничка партија (ПКК), ниту која е причината на нападот.
И француската агенција наведува дека нападот пристигнал од редовите на ( ПКК) иако во тек е нивно повлекување, кое што започна во мај а е во рамките на мировниот договор.
Елена Георгиевска