Раул Кастро го прослави 82-от роденден

Од:

Кубанскиот лидер Раул Кастро, далеку од очите на јавноста го прослави својот 82-ри роденден, кој иако не беше медиумски проследен, ниту беа планирани јавни прослави, сепак голем број граѓани по пат на социјалните мрежи му посакаа се најдобро.

Кастро е роден 1931 година во Биран, град на исток на Куба. Во почеток на годинава тој изјави дека ова е негов последен претседателски мандат.

Според „Асошиејтед прес“, по истекот на 2018 година за прв пат по револуцијата од 1959 година, Куба нема да ја водат тој ниту пак неговиот брат Фидел Кастро.

Раул Кастро од 2006 година е на власт и се залага за програми за социјални и економски реформи, со ветувања дека Куба ќе остане социјалистичка држава.

Реформите се воведуваат постепено, особено од 2010 година, меѓу кои е и легализацијата на повеќето невладини работи и приватни бизниси.

Противниците на Раул Кастро сметаат дека промените се бавни и дека не ги следат политички реформи како што се повеќепартиски избори.

-Раул направи многу од она што се надевав дека ќе го направи. Се согласувам со него ова да му биде последен мандат. Тој треба да го заврши тоа што го започна – смета жител на Хавана.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД