Утврдена листата кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК, а на предлог на ДУИ, Насер Зибер со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Огласот за членови на ДИК заврши, а до Комисијата се пристигнати пријави од 14 кандидати меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари. Досега само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК.

Според процедурата, откако денеска Комисијата за прашања на избори и именувања ќе ја утврди листата на кандидати, ја испраќа до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој пак во рок од три дена ја препраќа до партиите кои треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на највисокото изборно тело во државата.

Листата со поддржани кандидати се доставува назад до Комисијата за прашања на избори и именувања, која ја утврдува и потоа таа се доставуваа до пленумот кој треба да гласа. Рок за одговор од партиите нема, но постапката, според досегашите искуства, може да заврши во рок од еден ден.

На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.

Пратеничката од ДУИ Теута Биљали Зендели на седницата предложи Насер Зибери да биде утврден како кандидат на Комисијата за народен правобранител.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски