Уставен не поведе постапка за Одлуката за промена на имињата на улиците

Од:

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје на 14 јуни 2012 година.

Одлуката беше оспорена од скопјанецот Слободан Близнаковски од аспект на постапката на донесувањето, односно дека пред да се донесе Одлуката од Советот на Градот не биле обезбедени мислења од сите 10 општини од подрачјето на Градот и дека некои од донесените мислења од општините до Градот биле дадени од ненадлежен орган, а не од Советот на општината.

На седницата беше поведена постапка за иницијативата поднесена на Одлуката за измена на ГУП за блок 80, од 31 мај 2012 година и на Одлуката за измена на ДУП за блок 80, од 29 август 2012 година, донесени од Советот на општина Тетово.

Судиите денеска ја отфрлија иницијативата поднесена на Одлука  донесена од Советот на општина Ѓорче Петров донесена во декември 2012 година.

Би можело да ве интересира

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски