„Тојота“ продолжува да ја скокотка мечтата на купувачите и објави нови детали од моделот „Корола“ што ќе биде претставен во четврток. Сега на ред дојдоа светлата и дел од предната маска.
Она што е најавено со концептот „Фуриа“, сега се остварува – „Тојота“ се откажува од помалку досадниот дизајн и се одлучи за малку посмела линија.
Се верува дека новиот модел ќе стигне со унапреден 1,8-литарски четирицилиндарски агрегат, што ќе има шестстепен менувач, но ќе има опција и со „праисторискиот“ четиристепен менувач за послабите верзии.
ЦВТ ќе биде тука за „премиум“ варијантите. Новата „Корола“ треба да стигне во продавниците до крајот на годината.