Првата група мигранти во БиХ сместена во воени шатори во кампот Липа

Од:

Повеќе од 200 мигранти и бегалци, кои немаа засолниште на локалитетот Липа кај Бихаќ, сместени се во шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Службата за странци потврди дека забрзано работи да се утврди вкупниот број луѓе што се наоѓаат во она што останало од прифатниот камп.

Најавено е дека прашањето за снабдување со електрична енергија и вода за пиење ќе биде решено денеска или најдоцна утре, додека волонтерите на Црвениот крст од градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантот работат од утрово да постават голем шатор каде ќе се дистрибуира храна.

Како што пренесуваат локалните медиуми, сместувањето на мигранти и бегалци во подготвените шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе ги создаде сите предуслови за почеток на градежните работи во Прифатниот камп „Липа“, што ќе зависи и од временските услови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ