Пад на акциите на Твитер откако трајно го блокираше налогот на Трамп

Од:

Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на налогот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“.

Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти.

Минатата среда, по опсадата на американскиот конгрес од приврзаниците на Трамп, Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп, која има повеќе од 88 милиони следбеници, и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на оваа социјална мрежа.

Откако беше суспендиран профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и компанијата ги блокираше новите соопштенија на американскиот претседател на неговата официјална претседателска сметка POTUS, на крајот, неговиот приватен налог беше трајно укинат.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата