Скопјанецот Боро Стаиќ кој седум години е парализиран, сега е заболен и со коронавирус. Тој и неговото семејство бараат помош од хуманите граѓани за собирање на средства бидејќи им е потребен апарат кој го викаат „машина која спасува живот“, бидејќи Стаиќ не може да се искашла и при такви ситуации се гуши. Според страницата каде се собираат средствата, потребни се 9.500 американски долари.
Поради повреда од негова 18-та година е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот, стои на интернет страницата „Гоуфаундме.ком“ каде може да се донира.
Стаиќ и е познат на јавноста бидејќи осум години ја бара правдата за неговата парализираност, а вината ја гледа кај лекари, за кои тврди дека направиле пропусти при неговата неговото медицинско третирање во 2012 година. Во јануари минатата година, охридскиот суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите.