Србија за 30 години ќе има само 4,5 милиони жители, ако продолжат демографските трендови

Од:

Србија остана без 44.000 жители во 2020 година, не сметајќи ги оние кои заминале во странство, а доколку продолжат сегашните трендови, за 30 години во државата ќе живеат само околу 4,5 милиони луѓе, предупреди министерот за семејна грижа и демографија Ратко Дмитровиќ.

Дмитровиќ изјави дека минатата година стапката на смртност во Србија се зголемила за три отсто, а наталитетот се намалил за повеќе од два отсто.

-Ако не ги запреме трендовите што се со децении, ако ништо навистина не се промени во однос на морталитетот и стапката на наталитет, ако продолжиме да губиме 40.000 жители годишно, ако 40.000 до 50.000 луѓе продолжат да ја напуштаат Србија секоја година, ќе имаме само околу 4,5 милиони жители во 2050 година, а сега сме нешто помалку од седум милиони, првпат по 65 години, изјави министерот.

Тој исто така предупреди дека во 2020 година биле склучени 10.000 бракови помалку отколку во 2019 година.

-Тоа се страшни бројки и тоа е директното влијание на короната, пандемијата. Се надевам дека ова се само одложени бракови, дека овие млади луѓе чекаат крај на пандемијата затоа што ние Србите сакаме свадби, прослави, кажа Дмитровиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени