Потпретседателот на САДС, Мајк Пенс е против 25. амандман за отстранување на Доналд Трамп од претседателската функција, објави „Њујорк тајмс“.
Претходно, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси побара од Пенс да се изјасни дали ќе се повика на 25. амандман.
Трамп уште помалку од две недели ќе биде на функција, но по упадот во Конгресот група составена од 120 пратеници и 17 сенатори, меѓу кои и Пелоси и лидерот на малцинството Чак Шумер побараа Трамп да биде отстранет. Помеѓу нив има само еден републиканец, член на Претставничкиот дом од Илиноис, Адам Кинзингер.
– Претседателот е болен, не е добро. Се укажува на тоа дека претседателот ја изгуби врската со реалноста, а не само со својата должност, па и заклетвата, истакна Кинзингер, додавајќи оти Трамп мора да отстапи – доброволно или присилно.
Дел од нив бараат отповикување (импичмент), други бараат Трамп да биде отстранет од власт со повикување на 25 амандман, а трети бараат тој веднаш да ја напушти функцијата претседател.