Во немирите во Вашингтон кои го шокираа светот, меѓу демонстрантите препознат беше еден славен учесник – станува збор за човек со успешна кариера во НБА и бивш репрезентативец на САД во кошарка.
Дејвид Вуд, човекот кој е познат по своите конзервативни ставови, е долгогодишен припадник на републиканците, па пред Конгресот се појави за да му пружи поддршка на претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп.
Поранешниот кошаркар го одбележа протестот на свој начин, односно со труба им даваше сигнали на останатите учесници во демонстрантациите.
David Wood, exjugador de la NBA y ACB, estuvo presente y lo compartió en sus redes sociales a través de varias imágenes curiosas con un cuerno. Wood comenzó su trayectoria en los años 80 y jugó con Pistons, Houston, Chicago, Warriors, Spurs, Suns, Dallas y Bucks en la NBA. pic.twitter.com/HNUmW8Bu4q
— Jorge Mota (@JorgemotaTV) January 7, 2021
Дејвид Вуд во НБА лигата настапуваше за Чикаго, Хјустон Детроит, Голден Стејт, Далас и Милвоки, додека во Европа играше во неколку држави. Најдобрите резултати ги направи со Барселона.
Неговата професионална кариера траела од 1987 до 2007 година.