Али Ахмети им го честита Божиќ на православните верници

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка до сите православни верници по повод најголемиот христијански празник Божиќ.

-Посакувам овој Божиќ да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе, изразувајќи желби за посветла иднина за сите нас заедно. Ја користам оваа прилика да истакнам дека Божиќ е токму моментот кога преовладува солидарноста со оние на кои им е потребна помош и духот да се биде едно со оние што бараат надеж, кулминира. Затоа верувам и сум оптимист дека 2021 година ќе биде една година што ќе тече во оваа насока и под овој дух, пишува во честитката Ахмети.

Божиќ, наведува лидерот на ДУИ во честитката, ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога, а истовремено потсетува на благословот што разликите не обединуваат и не прават побогати.

-Изразувајќи ги искрени честитки до секој од вас и вашите семејства, се надевам дека овогодишната прослава на Божиќ ќе ви донесе добро здравје во вашите домови. Имајте убав празник пријатели, честито, пишува во честитката од Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски