Нов силен земјотрес попладнево го погоди регионот на хрватскиот град Петриња. Според првичните информации, јачината му била 5.3 степени по Рихтер, но нешто подоцна дојде информацијата дека силата била 5.0 степени.
Земјотресот траел десетина секунди, а бил почувствуван и во Загреб и во Вараждин. Земјотресот бил почувствуван и на територијата на Босна и Херцеговина.
Ова е најнов во серијата земјотреси кои го зафатија подрачјето на Петриња. Во најсилниот кој беше со јачина од 6.3 степени по Рихтер животите ги загубија седум лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.
M5.0 #earthquake (#potres) strikes 49 km SE of Zagreb – Centar (#Croatia) 15 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/5dyRICKXhp
— EMSC (@LastQuake) January 6, 2021