Нов и побогат избот на „Фолксваген Пасат“, благодарение на новиот пакет на опрема R-Line и новиот, поефикасен 1.4-литарски TSI бензински мотор.
Хромираните лајсни кои ги опкружуваат браниците и прозорците се во одличен контраст со назад затемнетите стаклени површини, додека би-ксенон предните светлосни единици со лед дневни светла и лед задни единици видно го истакнуваат VW Passat R-Line и дење и ноќе.
Достапен е со 1.6-литарски TDI со сила од 105кс и 6-степен мануелен менувач, 2.0-литарски TDI со 140кс со 6-степен мануелен или 7-степен DSG менувач и со новите турбо и supercharged 1.4-литаски TSI бензинец со сила од 160кс.
Сите модели на R-Line имаат вградена BlueMotion технологија со старт/стоп функција.
Првите испораки на овој модел во Европа почнуваат токму во јуни месец.