Канада е на пат да добие повеќе од милион дози вакцини од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ до крајот на јануари, изјави денеска премиерот Џастин Трудо.
Трудо рече дека Канада ќе има доволно дози за да ги вакцинира сите оние кои го сакаат тоа до крајот на септември.
Канада има околу 38 милиони жители, а вирусот досега е потврден кај повеќе од 617.000 луѓе, од кои над 16.000 починале.