Мелничарите бараат слободен увоз на пченица

Од:

Мелничко-пекарската индустрија бара увозот на пченица да биде слободен во текот на целата година, односно да нема одлука за врзан увоз како што имаше минатите години.

Со тоа, сметаат тие, ќе се овозможи откупот на пченицата да биде по пазарни цени, односно по цена што ја диктира Новосадската берза. Тоа ќе се рефлектира и врз цената на брашното.

– Мерката се воведува во почетокот на јуни, кога цената на Новосадската берза паѓа, а мелничарите не можат да купуваат евтина пченица. Условени се да ја откупат домашната пченица која е по многу повисока цена. Од друга страна пазарот веќе е наполнет со евтино брашно така што на крајот имаме разлика како резултат на откупената скапа домашна пченица. Во 2012 година просечната увозна цена на брашното била 293 евра наспроти домашното кое било 415 евра, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Доколку во ресорното Министерство има размислување за воведување забрана, тогаш мелничарите бараат одлуката веднаш да стапи во сила кога станува збор за брашното, а ако мерката се однесува и за пченицата, тогаш таа да важи кон почетокот или средината на јули.

Покрај ова, мелничарите бараат и 100-процентно зголемување на цената што ја плаќа Владата за чување на пченицата од стоковите резерви.

Инаку, годинава согласно податоците од терен и консултациите со производителите се очекува добра година, иако ожнеаните површини се на исто ниво како лани, односно околу 90 илјади хектари. Поради добрите временски услови се очекува повисок род годинава од 3,5 до 4 тони по хектар. Приносите се очекува да бидат од 260 до 280 илјади тони.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници