Еквадор побара нова рунда преговори со британската влада за Џулијан Асанж, кој од јуни минатата година се крие во зградата на еквадорската амбасада во Лондон.
Еквадор сака одново да се преговара околу случајот со побегнатиот основач на Викиликс, кога министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патино ќе престојува во британскиот главен град на 16 јуни.
Џулијан Асанж на 19 јуни минатата година побегна во зградата на амбасадата на Еквадор и побара азил, откако Врховниот суд на Велика Британија пресуди дека тој ќе биде екстрадиран во Шведска, каде е обвинет за сексуално насилство над две тамошни девојки.