Кина повика на воздржаност во врска со нуклеарната програма на Иран

Од:

Кина повика на воздржаност на сите страни вклучени во спорот околу иранската нуклеарна програма, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг, во врска со најавата на Техеран дека ќе започне со производство на 20 отсто збогатен ураниум.

– Ситуацијата со иранската нуклеарна програма и натаму е сложена и чувствителна. Ги повикуваме сите инволвирани страни да бидат воздржани, да вложат максимални напори за одржување на Заедничкиот сеопфатен акциски план (JЦПОА) и да не се повлекуваат. Ги повикуваме сите да обезбедат доволно простор за маневар за дипломатски напори, рече Хуа.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, таа додаде дека Кина очекува од Соединетите Американски Држави да се вратат на примената на одредбите на JЦПОА „што е можно поскоро“ и да ги укинат санкциите против Иран.

САД еднострано се повлекоа од договорот на големите сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) кој предвидуваше повлекување на Иран од нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите. По повлекувањето од договорот, САД воведоа дополнителни санкции за Иран.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски