На 30-те Олимписки игри во Лондон ќе учествуваат 10.490 спортисти од 203 држави, а за нивните успеси ќе известуваат 20.000 акредитирани новинари.
На игрите во британската престолнина ќе бидат организирани натпревари во 26 олимписки спортови и 39 дисциплини.
Во организацијата на Олимписките игри вложени се 11,6 милијарди евра, а олимпискиот факел на патот до Олимпискиот стадион во Стратфорд ќе помине 12,875 километри.
До сега продадени се 11 милиони влезници, две третини се за домашната публика, а се очекува да пристигнат околу 2 милиони туристи.
Во текот на игрите ќе се направат 5,000 допинг тестови, ангажирани се 70,000 волонтери, додека за безбедноста на учесниците ќе се грижат 23,500 редари и 7,500 војници.
И на крајот, со оглед на репутацијата на журките и забавите во Олимпиското село, организаторите одлучија да поделат 150,000 кондоми, што претставува по 15 за секој спортист.