Мајнц го доби четвртиот главен тренер сезонава

Од:

Германскиот фудбалски прволигаш Мајнц го именува денеска за нов тренер својот поранешен фудбалер Бо Свенсон.

41-годишниот Данец ја заврши играчката кариера во 2014 година, минувајќи ги последните седум сезони во дресот на Мајнц, за кој одигра 109 натпревари.

Тренерската кариера ја започна во младинските категории на Мајнц, а од 2019 година го предводеше австрискиот второлигаш Лиферинг.

Свенсон е четвртиот тренер сезонава на клупата на Мајнц, по Ахим Бајерлорцер, Јан-Мориц Лихте и Мартин Шмит.

Мајнц на 14 натпревари досега во Бундеслигата освои само шест бодови, а во неделата загуби на гостувањето кај шампионот Баерн Минхен со 5:2, иако имаше предност од 2:0.

Би можело да ве интересира

Реми меѓу Мајнц и Борусија Менхенгладбах во осмото коло во Бундеслигата

ВИДЕО: Јајца за лузерите – навивачите на Шалке ги „почестија“ играчите откако испаднаа од Бундеслигата по 30 години

Жарко Настоски

Ивица Олиќ е нов тренер на ЦСКА Москва

Жарко Настоски

ВИДЕО: Турам помладиот плукна противнички играч, ќе „одмори“ пет натпревари

Жарко Настоски

Бундеслигата сезонава со загуба од една милијарда евра

Жарко Настоски

Баерн покажа кој е шампион, го „почести“ Шалке со осум голови на отворањето на сезоната

Жарко Настоски