Брутална пресметка меѓу двајца мигранти е снимена денеска во близина на главната автобуска станица во босанскиот град Тузла, а еден од нив бил прободен со нож и пренесен во Универзитетскиот клинички центар во градот, каде му е укажана помош за тешките телесни повреди.
Екипа на Брзата помош, која била повикана на местото на инцидентот, ја повикала полицијата, пренесуваат босанските медиуми.
Полицијата трага по напаѓачот, кој го ранил својот противник пред очите на вознемирените минувачи.