Шинас: Мораме да воспоставиме поголема контрола на границата на ЕУ

Од:

Потпретседателот на Европска комисија задолжен за прашањата на миграцијата и промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас изјави дека е потребна посилна контрола на европските граници и ги повика партнерите да го одобрат бриселскиот миграциски план за да се избегне повторување на ситуацијата како на Канарските Острови.

– Мораме да постигнеме поголема контрола на европските граници, како во САД, изјави Шинас за „Ел Паис“.

Според бриселскиот миграциски план годинава треба да се воведе поголема контрола на границата и распоредување на 10.000 припадници на ФРОНТЕКС, да се постигнат дипломатски договори со земјите од Северна Африка, со кои ЕУ граничи и да се активира механизмот на солидарност.

– Не станува збор за економска криза или раст на нееднаквоста, со што најдобро се објаснува порастот на популизмот. Се работи за наш неуспех во решавањето на миграцискиот проблем, наведе Шинас.

Тој оцени дека во моментот не постои криза туку само поединечни бранови на мигранти на одредени подрачја, како што се Канарските Острови, а претходно беа Кале, Лампедуза, грчките острови, балканската рута.

– Тоа што се случува е последица на непостоење на сеопфатен систем за управување со миграцијата, со што би се регулирало од доаѓањето на мигрантите до барањата за азил или нивно враќање, а кој би вклучувал заштита на границата, дипломатски односи со земјите од каде потекнуваат и механизмите за транзит и солидарност. Со таков пакет убеден сум дека Канарските Острови не би се случиле, посочи Шинас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on