Онлајн наставата продолжува и во второто полугодие

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска останува на ставот дека онлајн наставата ќе продолжи и во второто полугодие од учебната година. Таа смета дека ова е најбезбеден начин, а веќе сите наставници и ученици се прилагодиле на овој систем на учење.

-Комисијата за заразни болести пред околу месец дена заседаваше по однос на тоа дали ќе има некакви промени, сметаме дека најбезбедно е начинот на кој што започна учебната година да продолжи и во второто полугодие, се со цел да одржиме континуитет а сепак бројот на позитивни случаи во образоване систем да остане на нивото на кое што го имаме, рече министерката.

Според Царовска, и наставниците и родителите и учениците се прилагодија на на новиот систем на учење и таа се одвиваше во континуитет.

Посочи дека доколку има некаква промена во епидемиолошката состојба, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе го разгледуваат ова прашање заедно со Министерството за образование.

-Засега, ставот е тој дека остануваме на истиот начин да продлжи и второто полугодие на кој што сметам дека сите се прилагодија и се задоволни, посочи министерката Царовска при посетата на Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци