Франција најверојатно ќе го намали својот контингент во антиџихадистичката операција во Сахел

Од:

Франција најверојатно ќе го намали својот контингент во Сахел по „значајните воени успеси“ против џихадистите во 2020 година, изјави министерката за вооружените сили, Флоренс Парли.

Минатата година бројот на војници во антиџихадистичката операција Бархан достигна 5.100 откако беа испратено засилување од 600 војници.

„Засилувањето по дефиниција е привремено“, изјави Парли во интервју за денешниот број на весникот „Паризиен“.

„Конечна одлука ќе биде донесена на следната средба на врвот на Франција со петте земји од регионот Сахел во Африка во Нџамена во февруари“, додаде Парли.

Таа рече дека операцијата „Бархан“ има „значителен воен успех, неутрализирајќи неколку водачи на терористички групи“.

Тројца француски војници беа убиени минатата недела во напад со импровизирана експлозивна направа за кој одговорност презеде група поврзана со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата