Реакција на МНР за забраната за влез во Грција на новинар на „Дневник“

Од:

Изненадени сме од одлуката на грчките погранични органи кои вчера не и дозволија влез на уредникот на надворешно-политичката редакција на весникот „Дневник” Ивана Костовска, која патувала приватно во Грција, се наведува во денешната реакција на Минстерството за надворешни работи на Македонија.

Не навлегувајќи во дискрециските права на надлежните органи на секоја суверена држава, Министерството за надворешни работи укажува дека регистрирањето на новинарот Костовска како опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи и оттаму како непожелна личност во Грција, претставува кршење на една од основните демократски слободи – слободата на движење.

Наведените причини заради кои не и се дозволува влез под превезот за заштита на националната безбедност на Грција, се метод користен во некои одамна заборавени времиња, наведуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија